За нас
Amo Chem е генерален дистрибутер на Koch Chemie за Република Северна Македонија.
Ние сме посветени во обезбедување врвни производи за нега, чистење и заштита на возила, наменети како за професионалци, така и за ентузијасти кои не прифаќаат компромис со квалитетот. Како официјален дистрибутер на германскиот бренд Koch Chemie, гарантираме оригинални производи, директно набавени од производителот. Исто така производите се одобрени од Daimler.
Koch Chemie е светски познат бренд со повеќе од 50 години искуство во развој на иновативни решенија за авто-козметика и професионално одржување, користен од деталинг студија, автосалони и сервиси ширум светот.
Нашата мисија е да донесеме професионален германски квалитет на македонскиот пазар, со:
- проверени и ефикасни формули
- стручен совет и поддршка
- брза и сигурна достава
- постојана достапност на производите
Со Amo Chem, добивате доверлив партнер кој стои зад квалитетот што го продава.